Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ереван потпишаа договор за стратешко партнерство помеѓу двете земји.
Тие потпишаа и рамковен договор за критични минерали и договор за соработка за предложен транзитен коридор од 43 километри што би поминувал низ јужна Ерменија и Азербејџан за да обезбеди директен пристап до нејзината енклава Нахчиван, а со тоа и до Турција, близок сојузник на Баку.
Рубио беше во куса посета на Ерменија пред парламентарните избори, што се закажани на 7 јуни. Партијата на премиерот Никол Пашинијан, Граѓански договор се стреми за поблиски врски со Западот, додека поголемиот број од опозициски партии важат за проруски.
Средбата Мирзојан – Рубио се одржа на меѓународниот аеродром Звартнок во Ереван.
Кремљ вчера, пред посетата на Рубио, соопшти дека Ерменија би можела да ја изгуби „многу привлечната“ цена што ја плаќа за рускиот гас ако се откаже од интеграцијата со Русија.


