САД ги повика Софија и Скопје да ја деескалираат реториката и да ги решат билатералните спорови

САД ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови.

Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

– Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Северна Македонија.

Од македонското МНР, пак, вечерва за МИА потврдија дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет.

30.01.2023 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа