САД: Без маски и физичко растојание во затворен простор за целосно имунизираните лица

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства за Американците кои се целосно имунизирани против коронавирусот.

Отсега лицата кои примиле две дози од вакцина против Ковид-19 можат да престојуваат во затворен простор со други целосно имунизирани лица, без маски или физичко растојание.

Освен тоа, тие луѓе можат да престојуваат и во затворен простор со невакцинирани лица од исто домаќинство без маски.

Американските медиуми посочуваат дека тоа веројатно посебно ќе им значи на постарите Американци, бидејќи многу од нив се веќе имунизирани, но се уште не можат да се видат со своите роднини поради пандемијата на коронавирус.

Според ЦДЦ, за целосно имунизирани се сметаат оние кај кои минале две седмици од примањето на втората доза од вакцината.

Бидејќи вакцината Џонсон и Џонсон е единечна доза, се смета дека целосна заштита е постигната две недели по вакцинацијата.

Во САД просечно на ден се вакцинираат околу 2,2 милиони луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега