Сабота - 20 август неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Владата на денешната 69-та седница донесе заклучок 20 август 2022 година (сабота) да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Причина е одржување на избор за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово.

Седницата, како што информираат од владината прес-служба, е одржана преку видеоконференциска интернет врска.

16.08.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега