Гледавме како во овие четири години ветуваа многу, а направија малку. Гледавме како улиците остануваат недовршени, младите заминуваат, а Берово тоне, но најважно, изгубена е довербата, посочи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово Петар Ружински во фејсбук објава.

Сега јас ви го давам зборот, да почнеме одново со чесна работа, со посветеност и со вистинска грижа за секое семејството во Берово, за секој човек, човечки, напиша Ружински.

„Јас сум Петар Ружински, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, потенцираше Ружински.

Leave A Reply

Exit mobile version