Руте се извини за колонијалното минато: Со векови Холандија профитираше од ропството
Холандскиот премиер Марк Руте се извини за колонијалната историја на неговата земја и нејзините последици, кои призна дека продолжуваат и денес.
„Денес се извинувам. Со векови, холандската држава и нејзините претставници го овозможуваа и поттикнуваа ропството и профитираа од тоа “, рече Руте во говорот во Холандскиот национален архив.
Извинувањето на Руте доаѓа во време на преиспитување на холандското колонијално минато, кое вклучува напори за враќање на ограбената уметност, како и борбата против расизмот.
Руте рече дека холандската влада испраќа претставници во Суринам, како и на карипските острови кои останаа дел од Кралството Холандија со различен степен на автономија - Курасао, Сент Мартен, Аруба, Бонаир, Саба и Сент Евстатиус.
Повеќе од 250 години, Холандија имаше колонии, меѓу другите места, во денешна Индонезија, Јужноафриканска Република и Карибите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа