Руте: Русија не смее да победи во војната во Украина
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.
Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс.
„Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на настанот посветен на Украина на Светскиот економски форум во Давос.
Шефот на НАТО, исто така, истакна дека остварлив мировен договор за Украина треба да биде таков каде Путин „никогаш повеќе“ нема да може во иднина да стекне ниту еден квадратен километар од Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа