Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од Брисел најави засилен фокус на алијансата кон Арктикот, со цел да се спречи влијанието на Русија и Кина во овој стратешки важен регион. Руте ја промовираше новата мисија „Арктичка стража“, потенцирајќи дека безбедноста на САД и Европа е директно поврзана со контролата на овој дел од светот.

„Не смееме да бидеме наивни кон Кина и Русија кога станува збор за Арктикот. Мораме да осигуриме одбрана на секој сантиметар од територијата на НАТО. Со Шведска и Финска како нови членки, ги пополнуваме сите безбедносни празнини“, изјави Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана.

Тој појасни дека новиот фокус на север нема да го одвлече вниманието од источното крило, каде продолжуваат мисиите за заштита на критичната инфраструктура и подводните кабли.

Exit mobile version