Руските сили со нов удар - погодени над 27 населени места во Украина

 

 

Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили во изминатите 24 часа извршиле девет ракетни напади, шест воздушни напади и 56 напади од повеќецевни ракетни фрлачи на територијата на Украина.

Според Униан, погодени се објекти во повеќе од 27 населени места, вклучувајќи ги Харков, Краматорск, Бахмут, Мајорск, Железнодорозноје, Андреевка, Белогорка и Вознесенск.

Украинскиот Генералштаб додава дека руските сили ги гранатирале областите на одредени населени места во правец на Северск, Краматорск и Бахмут.

05.10.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега