Рускиот амбасадорот во Лондон: Британците се однесуваат арогантно

 

Амбасадорот на Руската Федерација во Велика Британија – Андреј Келин изјави дека официјален Лондон испратила многу „арогантна“ нота, пренесува „РИА Новости“.

„Можам да кажам дека добивме апел од Британците, ни испратија нота, но таа беше составена со крајно арогантен тон, полн со „поучни“ изрази. Тоа не принудува засега да не соработуваме со Лондон по ова прашање“ рече амбасадорот на ТВ каналот „Русија 24“.

На Келин му е забрането да ја посети зградата на британскиот парламент и тоа на неопределен период. Забраната е проширена и на сите акредитирани руски дипломати и службеници во В. Британија, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на пораката на говорниците на Долниот дом и Домот на лордовите.

Забраната е воведена, неофицијално по руската инвазија на Украина, но сега за првпат е потврдена писмено.

Келин изјави дека британските власти се обидуваат да ги изолираат руските дипломати, а политиката на британската Влада придонесува за продолжување на конфликтот во Украина.

22.06.2022 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега