Руски дрон удри во облакодер во Киев

 

Руско беспилотно летало удри во облакодер во украинската престолнина Киев во петокот вечерта, при што едно лице загина, а четворица се повредени, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Telegram.

Дронот предизвика пожар на последните катови од станбената зграда, соопштија официјални лица.

 
„Гори во зграда во населбата Соломјански, која беше погодена од непријателски дрон“, рече Кличко „Оштетени се 17-тиот, 18-тиот и 19-тиот кат. Екипите за итна помош се на лице место“.

Серхиј Попко, шеф на воената администрација на главниот град, рече дека жителите се евакуирани од зграда во населба западно од центарот на градот.

На фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа висока зграда зафатена со чад и пожар кој гори на еден од најгорните катови.

Попко рече и дека делови од дронот паднале на отворен простор во централниот кварт Шевченковски.

25.10.2024 - 23:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега