Руски доктор предупредува: Ова овошје не смеете да им го носите на болните во болница

Кога некој е во болница, сите носиме овошје при посетата со цел да закрепне побрзо со помош на витамините и минералите од оваа храна.

Секогаш логичен избор се портокалите, бидејќи можат долго да стојат на собна температура, а богати се со витамин Ц, кој е неопходен за зајакнување на организмот.

Меѓутоа, лекарите велат дека така правиме огромна грешка. Портокалите, всушност, се најлошата опција за подарок за човек што е болен, а еве и зошто.

Рускиот доктор Андреј Продеус, педијатар и имунолог-алерголог предупредил на опасноста од овие агруми. Тој истакнал дека во големите пори на кората на портокалот се насобираат микроорганизми, што може да предизвика секундарна инфекција на заболената личност и да предизвика компликации.

Советува дека подобро е да се понесе некое друго овошје или барем да се одбере сорта што има мазна кора.

„Што се однесува до слаткоста, дебелата кора одговара на послатки варијанти, додека мазната и тенка кора одговара на помалку слатки сорти“, забележал доктор Продеус.

Реженото цвеќе исто така е опасно. Во него може да живее аеробна бактерија по има pseudomonas aeruginosa која е отпорна на антибиотици и е еден од почестите причинители на инфекции.

18.01.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега