Руската црква: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква

 

 

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската православна црква.

„Решивме да му се заблагодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност и ја врати Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско општење со Српската православна црква“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Московската патријаршија по седницата на Синодот.

На почетокот на седницата на Светиот синод, патријархот Московски и на цела Русија Кирил го поздрави повторното обединување на МПЦ-ОА со СПЦ, оценувајќи го како „важен историски настан“, пренесе „Б92“.

„Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија“, рече патријархот Кирил.

Патријархот спомна дека се работи за долга поделба, која конечно оздравела.

Српскиот патријарх Порфириј во вторникот на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје по повод празникот Свети Кирил и Методиј соопшти дека СПЦ одлучила да ја одобри, благослови и признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Тој додаде дека ќе бидат информирани и повикани сите помесни цркви да го прифатат статусот на автокефалност на МПЦ-ОА.

28.05.2022 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега