Русите конечно открија кога ќе почнат со вакцинирање на децата против коронавирусот

Националниот истражувачки центар Гамалеи во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против вирѕусот корона на деца во јануари-февруари следната година, соопшти директорот на центарот Александар Гинцбург.

Како што пренесува Спутњик, Гинцбург навел дека Институтот никогаш не спровел тестирања на деца.

„Педијатрите ги познаваат тие специфичности, затоа заедно со нив ја подготвуваме документацијата која ќе ја поднесеме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестирања на деца, но дури откако ќе завршиме со сите тестирања врз возрасните“, рекол Гинбург.

Според него, тестирањето на децата ќе почне на зима, затоа што третата фаза на тестирањето на вакцината ќе трае околу 5 месеци.

„Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон вакцината може да се тестира на деца дури откако ќе помине одреден циклус тестирања на возрасни“, објавил Гинцбург.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега