Русија се подготвува за масовна вакцинација против коронавирусот

Русија се подготвува во октомври да почне со масовна вакцинација против коронавирусот, соопшти министерот за здравство на оваа земја, Михаил Мурашко.

Тој рече дека лекарите и наставниците ќе бидат првите кои ќе бидат вакцинирани, но не откри која вакцина ќе биде користена, пишува Ројтерс.

Оваа недела еден извор за агенцијата соопшти дека првата потенцијална вакцина против ковид-19 во Русија, која ја развива државниот научно-истражувачки институт би можела да добие одобрение за употреба во август, и набрзо потоа здравствените работници би можеле да бидат вакцинирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега