Русија: Над 1.000 борци од Азовстал се предадоа

Москва соопшти дека над 1.000 украински војници се предале од фабриката за челик Азовстал, каде што се водеа тешки битки во претходните месеци.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков кажа дека почнале да се предаваат украинските војници по тешкиот притисок од Русија.

„Во Мариупол се предаваат екстремистите од единицата Азов и украинските војници блокирани во фабриката Азовстал“, кажа Конашенков.

18.05.2022 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа