Close Menu
Press24
    Најново

    Бурна ноќ во Скопје: Нападнати полицајци, обид за газење со автомобил и серија тепачки

    22.02.2026 во 14:29

    Инцидент на кошаркарски натпревар во Куманово: Навивач повреди дете со метална монета

    22.02.2026 во 14:28

    Серија пожари во Струмица, Скопје и Кочани: Гореа автомобили и куќа

    22.02.2026 во 14:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Бурна ноќ во Скопје: Нападнати полицајци, обид за газење со автомобил и серија тепачки
    • Инцидент на кошаркарски натпревар во Куманово: Навивач повреди дете со метална монета
    • Серија пожари во Струмица, Скопје и Кочани: Гореа автомобили и куќа
    • Тешка спасувачка акција на Хајла по пад на планинар во непристапен терен
    • ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат
    • Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
    • Рација во казино во Кичево: Пронајдена дрога, две лица завршија зад решетки
    • Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    11.12.2025 во 18:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина.

    -Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми.

    Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

    -Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британски воен персонал и специјални сили во војната против Русија. Откако еден од нив беше убиен, британската Влада повеќе не можеше да ги крие овие околности. Беше наведено дека меѓу оние што се борат против Руската Федерација има најмалку 100 британски државјани, рече Лавров за време на тркалезна маса за украинското решение.

    Британското Министерство за одбрана пред два дена соопшти за смртта на британски војник во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските вооружени сили.

    Весникот „Сан“, повикувајќи се на извори, објави дека во несреќата со воздушната одбрана на Украина, покрај британскиот војник, загинбале и најмалку четворица украински војници.

    Според весникот, починатиот британски војник служел во групата за поддршка на британските специјални сили и го тестирал системот за воздушна одбрана во Украина.

    Популарно

    БРТ системот почнува на терен во 2027, претходно пристигнуваат 100 нови автобуси

    22.02.2026 во 11:38

    Бурна ноќ во Скопје: Нападнати полицајци, обид за газење со автомобил и серија тепачки

    22.02.2026 во 14:29

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    „Скопје се гради и ноќе за да се избегне колапс“: Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид кај Рампа

    21.02.2026 во 23:01

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.