Русија ја нападна фабриката за авиони Антонов (ВИДЕО)

Киев информираше дека руските воени сили го нападнале погонот за авиони „Антонов“. Фабриката за производство на летала се наоѓа на аеродромот Свијатошин, на 10 километри од главниот град на Украина.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа со кои се тврди дека била нападната фабриката Антонов, а градската управа соопшти дека службите за итни случаи интервенираат на локацијата.

14.03.2022 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега