Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, преку објава на социјалните мрежи информираше дека поднесува оставка од функцијата во партијата.
Во својата објава, Земон наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити угледот на партијата од, како што посочува, „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство.
„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ“, напиша Земон во Фејсбук статусот.
Засега нема официјална реакција од партијата во однос на неговата оставка


