Романскиот суд го одби барањето за кауција, Ендрју Тејт останува во притвор

Романскиот суд го отфрли последното барање за кауција поднесено од контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт, јавува BBC.

Ендрју и неговиот брат Тристан се во притвор од декември, бидејќи се води истрага за наводи за силување, трговија со луѓе и организиран криминал, додека браќата Тејт ги негираат сите обвиненија.

Нивната портпаролка рече дека одлуката на судот е „разочарувачка“ и дека адвокатскиот тим ќе поднесе жалба.

Адвокатите на браќата Тејт тврдат дека нивното држење во превентивен притвор е непотребно сурова мерка бидејќи се достапни и други опции, како домашен притвор. Со тоа не се согласуваат судиите, наведувајќи ја можноста за бегство од државата, влијание врз сведоци или докази, како и нарушување на јавниот ред и мир.

Барањето за кауција е ново, но одговорот останува ист. Во февруари, судот одлучи дека Ендру ќе остане во притвор до 29 март, додека неговиот брат Тристан ќе поднесе барање за кауција на посебно рочиште.

Минатиот месец, апелациониот суд ги отфрли сите оправдувања, освен едно, за задржувањето на Тристан Тејт во притвор.

 

Засега не е покренато обвинение против браќата Тејт и двајцата Романци кои беа уапсени со нив.

15.03.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега