Актуелниот словенечки премиер Роберт Голоб прогласи победа на парламентарните избори, на кои според преброени 99,45% од гласовите, неговата партија „Слобода“ освои 28,54% од гласовите, што во мандати изнесува 29 места во парламентот.
Партијата СДС на Јанез Јанша освои 28,17%, односно 28 мандати.
„Беше навистина напнато, но пред сè, им благодарам на сите гласачи кои излегоа на изборите. Го дадовте својот глас за демократијата, не само за слободата, туку за демократијата. И за тоа, големо благодарам“,изјави Голоб.
Тој додаде дека вечерта ја поминал во големо исчекување, не поради тоа каков ќе биде исходот, туку пред сè во исчекување да каже дека Словенија оди напред.
„Сите заслужуваме иднина. Таа ќе биде подобра за сите, но нè чекаат тешки преговори. За една работа нема да преговараме, а тоа е нашиот суверенитет. Нема да дозволиме тука да владеат странци“,порача Голоб, алудирајќи на мешањето во изборите од странство.
Тој истакна дека во Словенија очекувањата и критиките се секогаш големи.
„Нека ни биде ова инспирација, бидејќи ни е дадена довербата, да можеме да го превртиме овој тренд и сега навистина да размислуваме за тоа како да тргнеме напред во иднината под слободното сонце“,рече Голоб.
Останатите партии кои влегуваат во парламентот се: НСи, СЛС и Фокус (9.33%), СД (6.71%), Демократи (6.69%), Ресни.ца (5.57%) и Левица (5.39%).
Во меѓувреме, Јанша се пожали на пребројувањето на гласовите, тврдејќи дека постои разлика од 50.000 гласови помеѓу внатрешните пресметки на неговата партија и оние на Државната изборна комисија.
Јанша смета дека најверојатно Словенија ја очекуваат предвремени избори и тоа набр


