Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит.
- СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот
- Пролетта носи изненадувања: Делови од Македонија се разбудија со температури под нулата
- Мицкоски денеска ќе одржи прес-конференција
- АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
- Се чека одлука: Владата денеска носи вонредни мерки против поскапувањето на горивата
- Подгответе се за голем пресврт: По краткото затоплување доаѓа нов влажен бран
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

