РКЕ потврди: Бензинот ќе поскапи од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 3.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,028 %, кај дизелот намалување за 0,871 %, кај екстра лесното масло намалување за 0,611%  и кај мазутот намалувањето е за 0,147%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,250%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Мазутот М-1 НС и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 5.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      92,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      94,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

04.11.2022 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега