РКЕ: Потрошувачите приклучени на БЕГ да продолжат да си ги подмируваат месечните фактури
Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика.
„До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. Од друга страна пак согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга“, се потенцира во соопштението од РКЕ.
Потрошувачот, појаснуваат од таму, има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец, стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа