РКЕ одлучи: Поевтинуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја, со што доаѓа до ново поевтинување на бензините

Според новата одлука на РКЕ, поевтинуваат малопродажните цени на нафтените деривати и тоа за просек од 0,39 проценти.

Малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 повторно се намалува за половина денар. Од друга страна, Еуродизел ќе се точи по иста цена како и минатата недела.

Така, од вечерва на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по литар гориво. Цената на литар Еуродизел останува 50,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензините во просек за околу 2,374%, додека кај дизелот намалување во просек за околу 1,499%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега