РКЕ ќе носи нова одлука за цените на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа.

– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, Еуросупер БС-95  поскапи за три, а останатите горива за 2,5 денари за литар. Литар Еуросупер БС-95 денеска чини 107 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 109 денари. Цената на дизелот е 97,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 95,5 денари за литар.

02.06.2022 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега