Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија, при што претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не очекува значителни промени во овој дел.

Бислимоски, кој присуствуваше на конференција на МАРЕС, објасни дека барањата од енергетските оператори не навестуваат драстични промени:

„Не верувам дека ќе има било какви поместувања на цените за пренос и дистрибуција“ – изјави Бислимоски.

Крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи, која ја соопштува ЕВН Хоум како универзален снабдувач, ќе биде позната по завршувањето на тендерот и утврдувањето на цените од РКЕ.

Од АД МЕПСО, операторот на преносната мрежа, упатија уверување до граѓаните дека не очекуваат испади во текот на претстојниот зимски период, благодарение на континуираните инвестиции.

Exit mobile version