Ристова: СДСМ им помага на граѓаните во време на криза

СДСМ и преку парламентарното мнозинство и преку Владата покажува силна посветеност да се реализираат сите проекти предвидени во владината Програма, покажуваме дека за нас, зборот е збор, порача пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова на денешната собраниска седница.
 
„Од први април 80.000 работници ќе добиваат минимална плата од 18.000 денари или за 45 повеќе од сега, со новото зголемување минималната плата за само четири и пол години ја покачивме двојно, во време на енергетска криза државата им помага на граѓаните преку субвенционирање на сметките за електрична енергија“ порача Ристова. 
Пратеничката Ристова се осврна и на владеењето на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ чија работа ја оцени разочарувачка, додавајќи дека освен бркање луѓе од работа, затворање на новоотворени детски градинки, непочитување договори, ништо друго не сработеа во првите 100 дена од мандатот. 
10.02.2022 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега