Познатата македонска пејачка Елена Ристеска се огласи на социјалните мрежи по повод една година од најголемата трагедија што ја потресе Македонија. Ристеска низ емотивни редови опиша дека болката и лузните по изгубените животи се сè уште свежи и дека општеството носи вина за трагичниот настан.

Пејачката упати порака до жртвите, споменувајќи ги по имиња и изразувајќи длабоко жалење за немоќта да се промени системот навреме.

„Година дена после најголемата трагедија во Македонија и сѐ уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни, со остра болка во градите и со оваа вечна тага? Сите починати дечиња, сите повредени и живи а со уништени животи, ахх Панчо, Сара, Андреј, Филип, Александар, Жути простете ни на сите што на време не се изборивме да промениме еден систем и дозволивме да нѐ згази и уништи сите“, напиша Ристеска.

Exit mobile version