Ричард Бренсон веќе 50 години прави една иста работа: Затоа станав милионер
70-годишниот Ричард Бренсон, основач на деловната група „Вирџин“ која денес брои околу 400 претпријатија, спаѓа помеѓу најбогатите луѓе на светот.
Неговиот прв деловен потфат се случил кога тој имал само 16 години, кога го основал магазинот „Студент“. Тогаш тој бил само тинејџер кој сакал да стане претприемач и да заработува доволно пари за нормален живот, а денес е познат инвеститор и деловен тајкун чие богатство се проценува на 4,4 милијарди долари.
Богатството на Бренсон постојано се зголемува и се чини како тоа да е шега за него. Меѓутоа, тој исто така има свои тајни за кои верува дека му помогнале да стане она што е денес, а истите решил да ги сподели со светот.
„Не е важно во која земја сум, секогаш станувам околу 5 часот наутро. На тој начин можам да вежбам и да поминам извесно време со моето семејство, што ме исполнува со позитивна енергија пред да започнам со работа“, вели Бренсон кој веќе 50 години практикува станување во 5 часот наутро.
Но, како тоа му помогнало да ги постигне своите цели? Одлучил да објасни:
Размислувајте во тишина и планирајте
Деловните резултати се значително подобри и попродуктивни доколку луѓето имаат време да ги разгледаат сите приоритети и да направат план. Тивките рани утрински часови, Бренсон ги користи токму за тоа.
„Станувањето во 5 ми дава време да поставам приоритети и да направам добар дневен распоред на обврските. Мислам дека тој еден час пред спиење за кој многу се зборува е одлично време за да ги прочитате новостите или да одговорите на некои мејлови, но не за правење план за утрешниот ден“, истакнува милијардерот.
Одржувајте ја вашата страст
Страста влијае на продуктивноста, но што ја дефинира самата страст? Што и да е вашиот одговор, Бренсон верува дека имате повеќе време за своите хобија ако станувате рано наутро.
„Спортот, читањето, комуникацијата и позитивното размислување придонесуваат за подобра мозочна активност и концентрација. Страста е уште еден фактор за одржување на фокусот - таа ви дава енергија и е клучна во периодите кога треба да донесете некоја тешка одлука“, вели милијардерот.
Искористете го сето ваше време
Ричард Бренсон сфаќа дека времето на овој свет е ограничено и сака истото максимално да го искористи за продуктивност и забава, а долгото спиење го смета за најголемо губење на времето.
„Мораме да го живееме секој ден со полни гради. На крајот, никогаш нема да се сеќаваме на деновите кога многу сме спиеле - ќе се сеќаваме на деновите кои нѝ биле најисполнети“, порачува тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа