Рибокрадци фатени на дело во Охридското езеро - запленети 14 кг риба
Утрово околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.
Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица.
Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа