Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, кој предвидува распоредување меѓународни сили во регионот.

Тринаесет членки на Советот гласаа „за“ резолуцијата доцна синоќа, додека Русија и Кина останаа воздржани, пренесе „Бета“.

Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, го оцени документот како „историски и конструктивен“, истакнувајќи дека резолуцијата поминала низ повеќекратни измени за време на чувствителните дипломатски разговори.

Резолуцијата го поддржува мировниот план на претседателот Трамп, кој резултираше со воспоставување кревко примирје меѓу Израел и Хамас на 10 октомври. Примирјето дојде по две години жестоки борби на палестинската територија, започнати по нападот на движењето Хамас на 7 октомври 2023 година.

Exit mobile version