61% од вработените во Министерството за односи меѓу заедниците во време на претходната Влада добивале плата без да има доказ дека воопшто оделе на работа, утврди Државната ревизија по спроведениот преглед на работата на т.н. Министерство на Артан Груби.

Ревизорите дале неповолно мислење за финансиските извештаи и утврдиле слабости во евиденцијата на средствата, при што 28% од основните средства или околу 25.000 евра недостигале, односно не биле пронајдени на попис.

Дополнително, исплатени се над 500 илјади денари за гориво без контрола на регистарските таблици, што овозможило точење гориво и во возила кои не се во сопственост на Министерството.

Во Министерството според ревизијата недостигаат и 30 лаптоп компјутери. Дополнително неправилности се утврдени и при финансирањето на здруженија и фондации за 2023 година. Од 33 организации кои добиле средства, 17 треба да вратат дел од средствата бидејќи не доставиле докази за нивно трошење.

Од ДЗР посочуваат дека по промената на раководството во текот на 2024 година се преземени одредени активности за надминување на дел од утврдените состојби, додека за дел постапуваат и други надлежни институции.

Exit mobile version