Републиканците ја имаат контролата во Сенатот
Републиканската партија ја презема контролата врз американскиот Сенат, јавуваат тамошните медиуми.
Досега во Сенатот тенко мнозинство 51 наспроти 49 места имаа Демократите.
Трката за Претставничкиот дом сѐ уште е неизвесна. Досега таму контрола имаат Републиканците. Доколку го одбранат своето тесно мнозинство, Конгресот би бил целосно во нивни раце. Тоа, во случај Доналд Трамп да победи на изборите, значително би му го олеснило владеењето. Доколку победничка биде Камала Харис, пак, во такви услови ќе мора да смета на жесток отпор од Конгресот.
На овие избори во САД се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом и за 34 од вкупно 100 места во Сенатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа