Рене ја мрзело да вежба и отишла на операција, па сега доживува вистински пекол: „Ме боли, не можам да се движам“
Рене Доналдсон (24) од Англија на Јутјуб низ солзи упатила извинување до следбениците откако отишла во Турција на бразилско поткревање на задникот.
Како што рекла, таа трипати отишла во Турција на корекција, бидејќи имала уште од старт проблеми. Меѓутоа, судејќи по сè, штетата која е направена е засекогаш.
„Ужасно ме боли и има многу денови кога не можам ни да одам. Кога и да се јавев на клиниката во Турција за да им кажам, ме уверуваа дека тоа е нормално и јас им верував“, рекла Рене.
Рене била голем поборник за естетска хирургија и честопати посочувала дека 'ја мрзи да оди во теретана, па сака операција'.
„Морам да им се извинам на сите девојки кои ме следат и да им го порачам следново: Ве молам, не одете на операција туку-така. Одете во теретана, таму ќе постигнете безбедни резултати. Им се извинувам на сите кои поради мене одлучиле 'да легнат под нож', дури сега сфаќам колку зло сум им нанела на луѓето преку своите снимки“, порачала таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа