Ременски: Имам капацитет, знаење и храброст да бидам лидер на СДСМ

Сметам дека најмалку беше очекувана мојата кандидатура. Не сум зборувала отворено за некакви лидерски позиции во СДСМ, но со оглед на предизвикот пред кој се наоѓа партијата сметам дека имам капацитет, знаење, храброст и волја како и тим кој ќе може да го озбезбеди она што е најдобро за граѓаните и државата. Воедно и да го врати СДСМ на победничките шини, изјави за ТВ21 поранешната функционерка и кандидат за претседател на СДСМ, Фросина Ременски.

-Тоа значи дека ќе го подготвам СДСМ за победа, а не да искреира состојба на летаргија и на некаков транзит на власта, во смисла на предавање на власта на тацна, вели Ременски.

02.12.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа