Рекордна заплена на кокаин во Црна Гора, 1,4 тони спакувани со банани, уапсени татко и ќерка

Еден тон и 400 килограми кокаин се пронајдени во пакувања со банани во магацин во Мојановиќи.

Од црногорското Обвинителство велат дека поднесени се кривични пријави против две лица, татко и ќерка, Б.К. и М.К.

-По налог на Обвинителството лицата се лишени од слобода, а по координираните активности на обвинителството со Управата на полицијата, која во оваа прилика во пратка со банани пронајде околу 1.400 килограми опојна дрога кокаин. Сослушувањето на осомничените ќе се изврши денеска во Вишото државно обвинителство во Подгорица, по што обвинителството ќе преземе со закон пропишани мерки и дејства, објасни обвинителката Меденица.

Станува збор за рекордна заплена на кокаин во Црна Гора. На дел од пакетчињата со кокаин стои лепенка „Ковид“.

 

27.08.2021 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега