Рекордна бројка: 1001 казна за сообраќајни прекршоци во еден ден
Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец, соопшти полицијата.
Според МВР, статистичките трендови од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), а потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (279). Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет. Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршока заради неносење заштите шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.
Исто така, од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа