Рекорден дневен број на заразени во Словенија, карантинот останува во Украина

Според последните податоци, досега во светот се регистрирани 33.951.767 милиони лица со ковид-19. Како резултат на коронавирусот досега починаа 1.014.644 милион пациенти, а оздравеа 25.217.358 милиони лица.

 

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох”. Од последниот пресек, починаа уште 17 пациенти, а досега вкупно се заразени 287.421 лице од кои починаа, речиси, 9.500 лица.

Украина денеска пријави уште 4.027 нови случаи на коронавирус, што е најголема бројка на дневно ниво во земјата од 26 септември, кога беа регистрирани 3.833 случаи. Според официјалните податоци, во земјата се заразени вкупно 208.959 лица, а починаа 4.129, пренесуваат британските медиуми. Поради зголемениот дневен раст на заразени во текот на септември, властите одлучија да ги продолжат мерките за карантин до крајот на октомври.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 213 нови случаи на инфекција со коронавирус, а има и пет починати лица, додека бројот на активни случаи е 1.256, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска се регистрирани 16.593 лица со коронавирус од кои досега починаа 280.

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан и во Словенија, откако 203 лица се покажаа позитивни на тестирањата за коронавирус, додека едно лице почина, соопшти здравствените власти. Во Словенија досега се заразени вкупно 5.690 лица, а починаа 150.

Од 842 тестови извршени во последните 24 часа во Албанија, ковид-19 е дијагностициран кај 131 лице, а починаа тројца пациенти. Од почетокот на пандемијата, во земјата се извршени 88.040 тестови со позитивни резултати кај 13.649, а починаа 387.

Втор ден по ред на Косово не се регистрирани смртни случаи на ковид-19, па бројот во оваа статистичка категорија во земјата останува 625. Минатиот месец беа потврдени 46 нови инфекции и 62 лекувања, а од избувнување на пандемијата се забележани 15.620 позитивни лица на коронавирусот од кои 13.554 се заведени како оздравени.

Во Грција во изминатото деноноќие се регистрирани 354 нови случаи на ковид-19 и три смртни случаи со што бројот на заразени се зголеми на 18.475, а на починати на 391 лице.

Министерството за здравство на Кипар пријави 12 нови случаи на ковид-19 во текот на денешниот ден или вкупно 1.755 од почеток на пандемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега