Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Реконструкција на касарната Ќојлија

    Реконструкција на касарната Ќојлија

    13.07.2026 во 22:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нов покрив, водовод, канализација, ѕидови, простории и тоалети. Градежна офанзива во касарната Ќојлија. По години работа во дотраени услови, војниците треба да добијат значително подобри услови за работа и престој. Министеорот за одбрана денеска прошета со градежниците за да провери како се одвиваат градежните работи.

    Според најавите, касарната треба да добие целосно нов изглед до септември.

    „Се ќе биде променето, апсолутно се. Од под, нови прозорци, целосна реконструкција на целиот капацитет. 30 години времето си покажало“, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

    Оваа касарна не е единствената на која и треба нов изглед. Протечени кровови и подобри услови се неопходни во касарните ширум државата. Но, приоритетите ги одредува Армијата.За реконстукцијата на оваа касарна се одвоени 10 милиони денари. А градежна офанзива има и во касарните во Велес, Штип и Прилеп.

    Мисајловски најави дека капиталните проекти ќе продолжат со реконструкција на воениот стадион и спортските терени. Се подготвува техничка документација на Домот на Армијата со проценета вредност од околу десет милиони евра.

    Министерот  кој неодамна се врати од Самитот на НАТО во Анкара, вели дека една од главните теми таму била зголемувањето на инвестициите во одбраната. Според него, и најголемите земји-членки сè уште бараат начин и имаат дилеми како да ја исполнат целта за издвојување 5 проценти од БДП за одбранбени и безбедносни инвестиции.

    Иако конечната цел на НАТО е до 2035 година сите сојузници да достигнат вкупно 5 проценти од БДП за одбранбени и безбедносни инвестиции, домашните власти велат дека Македонија постепено го зголемува темпото на вложувања, паралелно со модернизацијата на Армијата и подобрувањето на условите во касарните.

    Прочитај повеќе

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.