Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02

    Љупчо Горгиевски за Ива Михаилова: „Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да не објаснуваш кој си“

    14.10.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца повредени, автомобил удри во куќа во Кичево
    • Жена физички и психички малтретирана од сопругот
    • Училиштата во Истанбул затворени поради поплави
    • Тирана: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите
    • Полска размислува за враќање на задолжителната воена служба за мажи и жени
    • Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти
    • Зеленски му се заблагодари на кралот Чарлс за неговата „непоколеблива поддршка“ за Украина
    • Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут

    25.02.2026 во 08:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.

    Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут.

    Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад не смее да се фрла во канти или контејнери. Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад, но општините често се соочуваат со предизвици како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем.

    Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Прочитај повеќе

    Двајца повредени, автомобил удри во куќа во Кичево

    14.10.2026 во 23:40

    Жена физички и психички малтретирана од сопругот

    14.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.