Пратениците денеска ја прифатија потребата од измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, со кои Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје се трансформира во Оддел за внатрешни работи – Скопје. Со оваа промена, најголемата полициска единица во државата добива повисок организациски статус и нова позиција – началник на Оддел.

Според предлагачите, целта е поголема ефикасност и подобра координација во Скопје, кој поради својата специфичност бара поинаков модел на управување со ресурсите. Ова решение го следи моделот од минатото кога раководителот во Скопје имал повисока позиција во однос на останатите сектори низ државата.

Иако законите поминаа по скратена постапка, поранешниот министер Оливер Спасовски упати критика, нагласувајќи дека вакви структурни промени во МВР треба да се носат во редовна собраниска процедура.

Exit mobile version