Реџепи за престрелката во која беше ранет неговиот син: Се работи за нарачано дело

Поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во изјава за Лајм зборуваше за престрелката што се случи вчера во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на која беше повреден неговиот син З.Р, инспектор во МВР, пренесува Слободен Печат.

Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа се здобил со лесна повреда на ногата.

– Автомобил без регистарски ознаки го следел син ми. Бидејќи е вработен по професија во МВР, го забележал и застанал културно да го праша зошто го следи, но тој се свртел кон него и испукал три куршуми.

Еден куршум се вратил откако удрил во автомобилот и полесно ја повредил ногата. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома. Тој вели дека немале закани ниту нерасчистени сметки со никого.

За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, го објаснува случајот Реџепи.

Зборувајќи за двајцата Косовари уапсени синоќа од полицијата, Реџепи вели дека тие не се вклучени во случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа