Речиси еден час беснеел по улиците во Тампа и пукал- повредени 14 лица (ВИДЕО)

Маж од Флорида се наоѓа во притвор откако 40 минути пукал на автопат во Тампа и градските улици, во најмалку 11 луѓе, при што потешко биле повредени две лица и еден полицаец.

Полицискиот оддел во Тампа вчера вечер добил извештај дека на автопат се пука од автомобил во движење.

Еден полицаец на Тампа, кој одговорил на пукањето, го забележал автомобилот на 31-годишниот осомничен и се обидел да го запре, соопшти полицискиот оддел Тампа.

Антонио Круз Ортиз излегол од автомобилот и пукал кон возилото на полицискиот службеник.

Според надлежните, неименуван 24-годишен полицаец се наведнал додека куршумите минувале низ задниот прозорец кон предниот дел.

Круз Ортиз се обидел да побегна кон соседната станбена зграда, каде бил уапсен, соопшти полицијата.

Полициски службеник со повреда на раката предизвикана од истрел и скршено стакло е пренесен во болница.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега