Речиси 1.000 пожарникари се борат со шумски пожар во Португалија (ФОТО)

Речиси 1.000 пожарникари и 15 хеликоптери се борат против голем шумски пожар во централна Португалија.

Шефот на локалната Агенција за цивилна заштита изјави дека пожарот зафатил површина од 55 километри, а сувата вегетација го отежнува гаснењето на пожарот бидејќи тој многу брзо се шири.

Оганот пламнал вчера, а пет пожарникари се повредени кога и нивното возило било зафатено од огнот.

Во Португалија секоја година има големи шумски пожари, но како причина за тоа се наведува лошото управување со шумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега