Рецепт за качамак на малку поразличен начин - вкусен оброк за целото семејство

 

Традиционалното јадење од пченкарно брашно кое сите го сакаат, ќе „го снема“ од чинијата веднаш.

Качамакот е традиционално јадење од нашите простори, а некогаш важел за „храна за сиромашните“. Меѓутоа, качамакот денес со гордост се поставува на гостинските трпези затоа што се подготвува брзо, многу е здрав и вкусен.

Рецептот за ова јадење е многу едноставен и пред сè економичен, а традиционален начин на подготовка е промена во само една намирница - путер.

Путерот на качамакот му дава посебна нота и веруваме дека оваа комбинација на вкусови ќе ви се допадне.

Состојки:

- 4 шолји вода;

- 1 лажица сол;

- 1 шолја жолто, пченкарно брашно;

- 3 лажици путер.

Подготовка:

Во тенџере ставете ја водата и додадете го солот, па оставете водата да почне да врие.

Кога водата ќе почне да врие, полека, постојано мешајќи, додадете го пченкарното брашно.

Намалете ја температурата и постојано мешајте додека водата не испари, а брашното не згусне.

Извадете го тенџерето од оган, па додадете го путерот и сè добро измешајте.

Качамакот се служи топол со сирење или кисело млеко.

Пријатно јадење!

14.02.2022 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега