Разрешена директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

 Директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, Теута Лала ги информираше медиумите дека денеска добила решение за разрешување од страна на градоначалникот Биљал Касами за кое најави дека ќе го обжали. Таа посочи дека одлуката е врз основа на ревизиорски извештај за кој смета дека е тенденциозно направен со цел нејзино разрешување.

– Денеска градоначалникот донесе решение за разрешување од мојата функција директор на тетовската гимназија. Јас сметам дека сето ова е незаконски и јас ќе ги продолжам сите процедури за вистината да излезе на виделина. Сметам дека ревизијата беше многу селективна кон мене, изјави Теута Лала.

Од Општина Тетово информираат дека училишниот одбор на состанок разгледал ревизорски извештај и по констатирани бројни прекршоци, предложил разрешување на директорот и го известил градоначалникот на Тетово.

– Според предметниот извештај, во текот на постапките констатирани се бројни финансиски прекршоци кои го оштетиле буџетот на училиштето и го попречиле нормалното одвивање на воспитно-образовниот процес. По приемот на предлогот на гимназискиот совет со БР 03-201 / 1 од 11.05.2022 година, градоначалникот постапил согласно законските одредби, информираа од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Од општината соопшти дека преку овластениот адвокат имаат поведено и постапка за констатирање на законските прекршоци што ги направил директорот. 

12.05.2022 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега