Close Menu
Press24
    Најново

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите

    20.02.2026 во 23:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
    • Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
    • Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
    • Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
    • Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
    • (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
    • Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
    • Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Размена на тела меѓу Израел и Хамас под сенка на обвинувања за тортура

    Размена на тела меѓу Израел и Хамас под сенка на обвинувања за тортура

    22.10.2025 во 17:55Updated:22.10.2025 во 17:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Израел денеска ги отфрли тврдењата на милитантната група Хамас дека вратените тела на палестинските затвореници покажуваат знаци на мачење, јавува ДПА. Директорот на здравствениот орган управуван од Хамас во Газа, Мунир ал-Барш, рече дека има индикации дека лицата биле застрелани или обесени. -Телата покажувале знаци на тепање, врзување, превези за очи и изгореници, рече тој, без да даде докази.

    Канцеларијата за медиуми на Хамас, исто така, зборува за „ целни егзекуции“, пренесува ДПА. Тврдењата не можат да бидат независно потврдени. За израелската војска овие обвинувања се „лажна пропаганда“ од страна на Хамас. Сите тела вратени досега биле борци од Појасот Газа, нагласи ИДФ, пренесе германската агенција. Портпаролката на израелската Влада рече дека извештаите се обид за демонизирање на Израел.

    Израел досега предал 195 тела како дел од планот за прекин на огнот посредуван од САД, соопшти палестинскиот здравствен орган. Од нив, 57 се идентификувани од роднините. Останките на 54 Палестинци кои не можеа да се идентификуваат беа погребани денеска, соопшти Министерството за здравство во Газа. Хамас досега ги предаде телата на 15 израелски заложници и треба да ослободи уште 13 како дел од американскиот план за прекин на огнот. За секој заложник чии останки ќе ги предаде Хамас, Израел мора да ги ослободи телата на 15 починати жители на Појасот Газа, потсетува ДПА.

    Популарно

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

    20.02.2026 во 19:25

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин

    20.02.2026 во 22:50

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.