Разбојници упаднале во станот на Северина во Загреб
Разбојници упаднале денеска во станот на пејачката Северина Којиќ во Загреб. Оваа информација ја потврди и нејзиниот портарол, Давор Гргин кој рече дека сите се добро.
-Фала му на Бога, сите се добро. За сѐ друго треба да ве упатам кај полицијата, изјавил Гргин за Индекс.
Според полицијата, во 13:45 извршено било разбојништво со употреба на физичка сила врз 65-годишна жена и украден е накит.
Засега не е утврдена материјалната штета, а како што јавуваат хрватските медиуми, во станот влегле двајца разбојници.
14.06.2021 - 23:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа