Разбиена терористичка келија во БиХ - пронајдени оружје и експлозив

Најмалку три лица се уапсени во четвртокот во Босна и Херцеговина по налог на одделот за борба против тероризмот при државниот обвинител кој ги сомничи за илегална трговија со оружје и експлозив.

Од седиштетото на обвинителството на БиХ во Сараево соопштено е дека по нивен налог припадници на државната агенција за истраги и заштита (СИПА) спровеле рации и апсења во три жупании на подрачјето на Федерацијата БиХ.

Притоа се запленети оружје, експлозив и минско експлозивни средства за кое Обвинителството на БиХ се сомневаат дека биле наменети за меѓународно криумчарење и незаконски активности.

„Во екот на истрагата собрани се информации и докази дека уапсените, кои претходно се доведувани во врска со радикализирани лица, собрале одредено количество оружје и експлозив, чија набавка и држење на граѓаните воопшто не им е дозволена, со намера тие средства да ги прокриумчарат во земји од Европската унија каде би биле користени за вршење на кривични дела“; стои во соопштението.

Од Обвинителството на БиХ наведоа дека поради интерес на истрагата засега не можат да објават дополнителни податоци за уапсените ниту за нивните планови.



 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега